Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар денеска од 18 часот ја пречекува екипата на Работнички (ТВ пренос)

Објавено

на

Во рамките на 2. коло од Првата македонска кошаркарска лига, денеска КК Гостивар во Спортската сала Младост ја пречекува екипата на Работнички од Скопје.

Може само да претпоставуваме каков спектакл ќе беше денес во Гостивар, да не беше ковид пандемијата и вратите во Младост да беа отворени за гостиварската публика, но во ваква состојба во која се наоѓа државата добро е и воопшто што има натпревари. Без публика, под посебни протоколи, позади заклучени врати денес во Гостивар ќе се сретнат овие две екипи.

Најтрофејниот македонски клуб во првото коло ја совлада екипата на МЗТ Скопје во Градски Парк, што поприлично говори за квалитет на оваа екипа. Избраниците на Мираковски важат се едни од главните фаворити во трката за првата позиција сезонава, американците Питс и Вашингтон, србинот Балмазовиќ се најголема опасност под кошевите, како и искусните Николовски, Младеновски, Враговиќ, Младеновиќ.

Кошаркарите на КК Гостивар во денешниот натпревар влегуваат после шок поразот од Академија ФМП во првото коло, каде прикажаа млитава и несигурна игра, но се тоа ќе биде заборавено со добра партија против Работнички вечерва. Овој ростер на „бело-сините“ важи за еден од поквалитетните и поскапите ростери кои ги имала екипата изминативе години на стартот од првенството Армстед, Тодоровиќ, Костоски, Јаневски, Мосли, Димчевски, Тасовски, Штерјов се респектабилен тим кој има што да покаже.

Натпреварот се игра од 18 часот, МРТ ќе врши директен пренос на третиот канал од Спортската сала Младост во Гостивар.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена