Вести
КК Гостивар ги запали моторите
Објавено
пред 2 годинина

Тренерот Марјан Србиновски денеска ја изврши првата прозивка на КК Гостивар. „Бело-сините“ и официјално ги започнаа подготовките за новата прволигашка сезона. Подготовките за престојната сезона ќе ги одработат во Гостивар, веќе се и закажани неколку пријателски натпревари.
– Имавме неколку понуди и предлози каде да ги одработиме подготовките, Маврово, Бугарија, Србија, но во консултација со Србиновски и останатите тренери заклучивме дека максимумот би го извадиле во Гостивар. Можно е да направиме мини балканска турнеја каде би одиграле неколку меѓународни пријателски натпревари – вели тим-менаџерот, Саити.
Помеѓу играчите на првиот тренинг можеа да се видат веќе познати имиња од минатата сезона кои покрај понудите да преминат во други клубови во странство одлучија да останат во Гостивар.
– Причината поради која го продолжив договорот е таа што минатата сезона беше одлична. За мене, за целиот тим, за градот, за навивачите. Се создаде позитивна атмосфера од тренерот, стручниот штаб, помеѓу нас играчите кои го почитувавме договореното. Атмосферата во салата е феноменална, благодарение на нашите навивачи, се надевам ќе не поддржат и оваа сезона. Во оваа прилика сакам да ги поздравам и да им порачам дека тие се нашиот шести играч, ни изјави хрватот Јурај Сегариќ.
– Имавме добра сезона минатата година. Не се двоумев многу кога пристигна понудата, клубот функционира одлично, а секогаш полната сала и верната пубулика не ти дозволуваат да размислуваш многу за други понуди. Се надевам оваа сезона ќе биде уште подобра, вели Ивица Димчевски.
Без доцнење на првиот тренинг се појавија последните појачувања, американците Канти и Фурстингер, кои ги разгледуваа и се запознаа со условите во кои ќе работат.
На тенерот Марјан Србиновски во претстојната сезона на располагање ќе му бидат играчите: Јурај Сегариќ, Ренато Димитриевски, Роберт Димитриевски, Ивица Димчевски, Димче Тасовски, Јетмир Зеќири, Карим Канти, Џо Фурстингер, Мартин Шалев, Златко Јовицоски, Антонио Симуновски, Марјан Ѓорѓески, Борис Дуковски, Ќипре Серафимоски, Тауланд Ибраими и Никола Заревски.
На клупата како и минатата година ќе му помагаат Душко Јаковчески и Никола Димитриески, како и кондициониот тренер Сашо Пецев.
За амбициите во сезоната 2018/2019 гостиварци не се расфрлаат со коментари, мудро молчат и ги чекаат први сигнли од стручниот штаб. Но, според сработеното во летниот период, ентузијазмот, појачување на редовите во сите структури во клубот, играчкиот кадар, искуството, публиката. Со сигурност може да кажеме гостиварци нишанат некаде на врвот.
На изненадување на сите на првиот тренинг се појави и Перо Антиќ. Акционерот во КК Гостивар и сеуште активен играч кој нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. Од прикажаното на тренингот може да заклучиме дека обрачите во спортската сала Младост одлично му лежат.
АНКЕТА:

Одбележување на Водици во Гостивар согласно мерките за заштита од ковид, сепак традицијата не се прекина

Голем православен празник Богојавление – Водици

Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332

Од полноќ поскапуваат горивата

Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово

Гостиварец ја нападнал сопругата, приведен е во полиција

Еден од условите да донирате конвалесцентна плазма е да имате над 55 килограми

Студенилото продолжува уште неколку денови

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Какво време не‘ очекува оваа работна недела?

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка