fbpx
Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар го договори „костурот“ за наредна сезона

Објавено

на

  • Shqip

Иако кошаркарската сезона 2020/2021 официјално заврши пред неполна седмица и сеуште се собираат впечатоците од истата. Кошаркарскиот клуб Гостивар како претходно најави жестоко работи на формирање на ростeрот за претстојната 2021/2022 сезона.

Како информираа од гостиварскиот прволигаш, денеска е потврдена соработката со „гостиварците“, браќата Димитриевски, Ренато и Роберт кој повторно добива шанса во „бело-синиот“ дрес, Марјан Јанески, Александар Костоски и Александар Тодоровиќ кои не потекнуваат од Гостивар, но се во клубот четири, односно три сезони и слободно може да ги категоризираме во оваа група.

„Ова е играчите со кои веднаш се договоривме, односно „костурот“ на тимот, кој во иднина секако ќе треба да се надополни, се преговара со уште неколку домашни играчи, секако во сениорскиот тим ќе се прекомандуваат и неколку младинци, како и одредени странци кои ќе треба да дадат еден поинаков изглед на КК Гостивар во следната сезона. Малку е рано за официјализирање на работите, сеуште се прават анализи и проекции, но искрено се надеваме дека на почетокот на новата сезона, ќе можеме на љубителите на кошарака од нашиот град да им соопштиме уште една убава вест“, информираат од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали ќе одите на летен одмор?

Вработувања Полог:

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!