Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар – КК Кожув: Прв „all in“ натпревар за гостиварци сезонава

Објавено

на

Продолжуваат кошаркарските возбудувања во Првата македонска кошаркарска лига. Викендов на програмата е редовното 19.коло во кое Кошаркарскиот клуб Гостивар денеска ја пречекува екипата на Кожув од Гевгелија.

Ова е дуел помеѓу петто и шестопласираната екипа на табелата. И на двете екипи победа во овој дуел им е повеќе од потребна, доколку сакаат мирно да го завршат редовниот дел од првенството кое има уште само 3 кола. Гевгеличани се наоѓаат веднаш над цртата која носи пласман во Суперлигата, но поради големиот број на одложени натпревари ова е само моментална состојба на табелата. Од 16 одиграни натпревари избраниците на Алек Јончески имаат скор од 7 победи и 9 порази. Во првиот дуел помеѓу овие две екипи славеше Кожув со 90-74.

КК Гостивар со последните 4 порази од 5 натпревари си ја разниша стабилната позиција која ја имаше до пред две недели. Гостиварци со 23 бодови се наоѓаат на 5. позиција со само еден бод заостанување зад второпласираната екипа на табелата, но и со само 4 бодови предност пред седмото место кое води во плеј-аут, на кое моментално се наоѓа екипата на Куманово која има и 3 натпревари помалку.

Со оглед на погоре наведената, моментална состојба во првенството, ова е прв „живот или смрт“ натпревар за КК Гостивар сезонава во кој освен победа нема место за други калкулации.

Натпреварот започнува од 17 часот, пред почетокот ќе објавиме линк на кој ќе може да се следи дуелот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена