Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар никогаш посилен – во недела доаѓа МЗТ Скопје

Објавено

на

Костоски, Сегариќ, Димчевски, Фурстингер, Трајковски? Или, Костоски, Ре.Димитриески, Тасоски, Ефианаи, Трајковски? Или пак, Димитриевски, Ро.Димитриески, Ре.Димитриески, Јанески, Стефаноски? Оваа проблематика, која петорка ќе извади на терен тренерот Србиноски, ја оставаме на стручњаците и скаутите на противничките екипи, тие нека му ја мислат. За публиката од Гостивар е важно дека КК Гостивар во моментов има ростер, со кој може да се гордеат.

Со доаѓањето на Ефианаи пред две недели, а посебно со Бојан Трајковски пред неколку дена, КК Гостивар сосема ја промени физономијата. Скоро секоја позиција на теренот, може да ја покријат со двајца квалитетни играчи, а на можностите за комбинирање им нема крај. Нема повеќе фаворити против „бело-сините“, оваа екипа може да игра против секој противник во лигата, на секој терен.

Натпреварот со МЗТ Скопје, во спортската сала Младост, доаѓа во вистински момент. Атрактивен противник, шесткратен шампион, второпласирана екипа на табелата, учесник во АБА2 натпреварувањето, против уште поатрактивниот КК Гостивар, што е сериозна најава за спектакл во Младост. „Штрковите“ сезонава имаат скор 11 победи и 2 порази, наспроти 8 победи и 4 порази на гостиварци.

Натпреварот се игра во недела од 17.30 часот, инсистирањето на МРТВ да пренесуваат кошарка директно од Гостивар, го префрли натпреварот во недела.

На овој натпревар за „бело-сините“ ќе дебитира најдобриот играч за 2018 година во Македонија и еден од лидерите на нашата репрезентација, Бојан Трајковски. Со самото негово доаѓање, дополнително ја покрена кошаркарската еуфорија во Гостивар, а со изјавата која искрено и гордо ја даде за Gostivarpress.mk, дефинитивно ќе ја излуди и освои гостиварската публика:

„Во моментот кога преговарав со раководствто на КК Гостивар, имав на маса уште четири други отворени понуди. Го избрав Гостивар поради публиката, поради полните трибини, поради луѓето во КК Гостивар, поради љубовта која ја има градот кон кошарката и секако предизвикот, да се бориме заедно против сите“, вели новиот центар на гостиварци, Трајковски.

(поради големиот интерес за натпреварот во недела и дополнителните контроли на влез, КК Гостивар ве замолува да пристигнете барем 15 минути порано од планираното време)

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 16 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 17 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена