Вести
КК Гостивар победата против Блокотехна им ја посвети на настраданите во автобуската несреќа

Прв натпревар на КК Гостивар во „Младост“, по трагичната сообраќајна несреќа која го погоди градот, во која животот го изгубија 15 граѓани. Гостивар се` уште тагува по изгубените животи, меѓу кои имаше и играчи и големи навивачи на гостиварскиот клуб.
КК Гостивар вети дека првиот натпревар во Гостивар ќе им го посвети на настраданите сограѓани. Вечерва кошаркарите на Гостивар одиграа фантастичен и крајно борбен натпревар против една од најдобрите екипи во државата, во кој ја совлада екипата на Блокотехна со резултат 98:86.
„Нема зборови со кои може да се надокнади болката и тагата. Трагедијата силно не погоди сите во клубот, впрочем ние постоиме за публиката и градот, многу од настраданите беа наши поддржувачи. Сите во КК Гостивар беа одлучни првиот натпревар после трагедијата во Гостивар, ќе се игра за настраданите. Вечерва и НБА тим да гостуваше, ќе беше поразен. Благодариме на публиката и сите кои придонесоа за оваа победа.“, велат од гостиварскиот клуб.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?