Спорт
КК Гостивар рутински против ФМП Академија 87-79

Заврши натпреварот од 16-тото коло во кое кошаркарите на Гостивар пред околу 300 гледачи во Спортската сала Младост убедливо славеа против екипата на Навико ФМП Академија со 87-79.
Неизвесни беа само воведните минути од натпреварот, гостите беа рамноправен противник во првите 7 минути кога имаа (15-15), до крајот на четвртината домаќините успеаа да обезбедат резултатска предност добивајќи го периодот (26-19). И вторите 10 минути им припаднаа на гостиварци, за на паузата заминат со +9 поени позитива, при резултат 47-38.
Во вториот дел „бело-сините“ продолжија да го полнат обрачот на гостите, избраниците на Тони Симиќ нема одбрана против расположениот Гостивар, третиот период беше најефикасен на натпреварот кој им припадна на домаќините (26-21). Во последните 10 минути ФМП Академија тргна на се или ништо, по што успеаа да направат серија од 0-9 и внесат доза на неизвесност во завршницата. Гостиварци 6 минути беа без постигнат поен, но успеаа да го издржат налетот на гостите и во последните минути само потврдат победата, за конечни 87-79.
Виктор Ефремовски ги предводеше домаќините со 25 поени, Вучковиќ постигна 22, Корсантиа 17 и Жигон 16 поени. Најефикасен на натпреварот беше Смит од Академија ФМП со 29 поени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава