Спорт
КК Гостивар загуби од Кожув во Гевгелија 90-74

Втор пораз во низа за Србиноски и кошаркарите на КК Гостивар. Гостиварци загубија од Кожув во Гевгелија со резултат 90-74.
Домаќините од самиот почеток покажаа дека освен победа не размислуваат за друго во овој дуел, отворајќи го натпреварот со 10-0. Гостите се разбудија кон крајот на првиот период кога успаа дури и да поведат 18-19, што беше единствено водство за нив на натпреварот. Несериозната одбрана, некоординираната игра во нападот на гостиварци, само им го олесни патот до победата на домаќините, кои константно ја зголемуваа разликата во своја полза, на полувреме заминаа со +13, (49-36).
Шест минути им беа потребни на играчите на Гостивар да го погодат кошот во вториот дел од натпреварот, што го искористи екипата на Кожув да ја зголеми разликата на +17 на крајот од третиот период. Последните 10 минути им припаднаа на гостите добивајќи го период (26-27), но далеку од доволно за да се загрози победата на гевгеличани.
Никола Станојевиќ беше најефикасен на натпреварот со 23 поени, кај Гостивар Костоски постигна 20 поени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила