Поврзи се со нас

Гостивар

Кога домот станува пекол: 40 жени во Гостивар, жртви на семејно насилство

Објавено

на

Малтретирање, тепање, навреди…Вакво трауматично секојдневие имаат жени, коишто се жртви на семејно насилство. Оваа појава на гостиварското подрачје има длабоки корени, но за разлика од минатото кога проблемот се криел „под тепих“, во последните години се` погласно се зборува за него и жените се охрабруваат да ги пријавуваат случаите.

Според податоците од социјалните служби, од почетокот на оваа година во регионот на Гостивар регистрирани се 40-тина случаи на семејно насилство. Бројка којашто потврдува дека се работи за сериозен проблем, на кој институциите треба да делуваат  координирано, насочени пред се` кон заштита на жените-жртви.

Зборувајќи за причините кои доведуваат до насилство, стручните лица наведуваат дека се различни: под влијание на пороци пороци како алкохол или дрога, љубомора,  одредени психички растројства и други. Она што се посочува како најтежок проблем е несигурноста и стравот на жртвата да го напушти домот, со оглед дека повеќето од жените се на некој начин економски зависни од брачните партнери.

Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција, којашто е најзначајниот меѓународен документ за борбата со семејното насилство, кон крајот на 2017-та. Сепак, се` уште не е дојдено до мултисeкторско решавање на проблемот, особено во  руралните средини поради немање доволно на информации и поддршка.

Статистиката на полицијата говори дека минатата година на подрачјето на Гостивар имало 24 кривични дела поврзани со семејно насилство, во кои на жртвите им биле нанесени телесни повреди. Сите кривични дела биле заокружени со поднесување на кривични пријави против сторителите.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 8 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 8 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 17 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 24 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена