Поврзи се со нас

Вести

Кои се обичаите и традициите за Василица во Гостивар и гостиварско?

Објавено

на

Трака трака василица
дај ми бабо сланиница
да наранам дечињата
да им пукнат мешињата.

Сура догодина повесели!

Ова е позната гостиварска василичарска песна. Ја пеат дечињата кои за празникот Василица, според традицијата одат со дренови гранчиња и тропаат од врата до врата. Дреновите гранчиња симболизираат здравје, како за домаќините, така и за целата година во домот и семејството да биде здрава година. Малите василичари добиваат дарови од домаќините, пари, бомбони, мандарини, чоколади…Токму поради негувањето на ваквите старински обичаи, најрадосни и највозбудени за овој празник се децата.

Селото Зубовце има карактеристична прослава на Василица. Главни се младите момчиња василичари кои маскирани шетаат по куќите, ги благословуваат и веселат домаќините од кои добиваат дарови, ракија, вино, јајца, колбаси и пари. На сред село се игра оро и маскираните василичари пеат народни македонските песни. Откако мини маскенбалот ќе го прошета целото село, се организира заеднички празничен ручек, традиционално со зубовско гравче.
Според обичаите, слично како за Бадник, за Василица семејството се собира на трпеза и се крши погача или пита со паричка. Симболиката на паричката е иста, односно се верува дека оној што ќе му падне ќе има среќна и бериќетна година.
Во црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар, утре наутро ќе биде отслужена литургија на Свети Василиј Велики.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 6 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 10 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 11 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 12 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 14 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 14 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 15 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 17 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена