Поврзи се со нас

Гостивар

Колегите од Архитектонски со последен поздрав до Бејза Узеири, во Град Скопје комеморација за Зоран Давидоски

Објавено

на

Соработниците, колегите, пријателите на трагично загинатите во автобуската несреќа, која го зави Гостивар во црно, одржуваат комеморации во нивна чест и сеќавање.

На Архитектонскиот факултет во Скопје колегите се простија од младата Бејза Узеири, која беше студент на факултетот. „Твоите соништа само што беа започнале, верувам дека ќе изградеше еден свет со убави куќи осветлени со зраците на сонцето.Веруваше дека твојата професија еден ден ќе те издигне на највисокиот пиедестал, но ти се искачи на небото сакана пријателке. Пријателке и колешке, сите наши зборови да се сплотат нема да можат да ја намалат болката на една мајка, која израснала толку воспитана девојка, ниту на еден татко кој ја научил ќерката што значи жртвувањето или ризикот. Како што велат „Сочувството е најтешкото нешто за човекот, исто како што честитањето е најлесното нешто.“ Од ова што се случи разбравме дека ништо во нашиот живот не е сигурно, затоа што една трагедија може да се случи побрзо од преклопувањето на очните капаци, побрзо од нашите солзи кои се леат без престан. Нашите сили спроти ова случување се мали, но ние ти ветуваме дека твоите дела ќе бидат разубавени со цвеќиња за да останат како најубави за нас! А вам, Јасин Салих, Jована Граматикова и Јасин Сејфули ви посакуваме што поскоро да оздравите и да се oпоравите за повторно да ве гледаме низ ходниците на нашиот факултет. Почивај во мир Бејза Узеири , засекогаш ќе живееш во нашите срца и мисли!“, се вели во дел од говорот.

Во Град Скопје, пак денес се одржа комеморативна седница во чест на Зоран Давидоски, кој повеќе години беше раководител на тамошниот Сектор за сообраќај. На комеморативната седница, која започна со едноминутно молчење во знак на оддавање почит на Зоран Давидоски, присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, членовите на семејството, претставници на голем број институции, како и колеги, соработници и пријатели. Градоначалникот Шилегов, кажа дека со голема тага се простуваат од Давидоски, чесен, скромен и неуморен човек, посветен на работните обврски, кој како таков ќе остане во делот на најдобрите спомени.

 

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена