Вести
Комбистите трупат патници и не мислат на безбедноста

Комбињата за јавен превоз и оние во кои се возат учениците, секојдневно се преполнуваат со патници, повеќе од дозволеното. Превозниците на ваков начин гледаат да заштедат, без да помислат на последиците и безбедноста на патниците.
Вчера, гостиварската сообраќајна полиција извршила контрола на јавните превозници. Вкупно биле опфатени 23 возила. Дури девет комбиња превезувале повеќе патници од дозволеното, односно имале претовар. Кај четири биле откриени други видови на прекршоци.
Сите се соодветно санкционирани, соопштуваат од полицијата со најава дека ваквите контролни активности ќе продолжат во наредниот период и се еден од главните сообраќајно-безбедносни приоритети за годинава.
Казната за претовар, кога станува збор за фирма е највисока за автобусите и тоа 2.000 евра, додека за комбињата е 1.400 евра. Доколку физичко лица во својот автомобил вози повеќе од дозволениот максимум патници, ќе плати казна од 45 евра.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение