Гостивар
„Комуналец“ одзатнува шахти низ Гостивар, апел да не се фрла отпад во канализацијата

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ Гостивар информираа дека изминатите денови нивни екипи работеле на чистење и одзатнување на шахти, при што наишле на разни видови отпадоци од кои се блокира канализацијата. Претпријатието со апел граѓаните да бидат посовесни и отпадот да го фрлаат на места предвидени за таа намена за да се избегнат штети и несакани последици.
„Екипите на „Комуналец“ во текот на последните неколку дена работеа на чистење и деблокирање на шахти кои се полни со разни предмети, цврст отпад што предизвика затнувања во канализационата мрежа во нашиот град. Овие случаи се предизвикани од неодговорноста на човечкиот фактор, фрлањето на разни предмети, тежок цврст отпад, што го одолжува времето на интервенции и го отежнува одзатнувањето на канализационата мрежа. Апелираме до граѓаните за зголемена грижа и свест за местата каде фрлаат отпадоци, да не фрлаат отпадок во канализационата мрежа!“, стои во соопштението на Комуналец.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение