Поврзи се со нас

Спорт

Конечно „Гостивар aле, aле“ во салата Младост – КК Гостивар потсетува на Протоколот за публика

Објавено

на

Викендов, после цели 20 месеци се враќа кошарката за гостиварската публика во Спортската сала Младост.

Кошаркарскиот клуб Гостивар пред првиот домашен натпревар сезонава, преку известување ги потсетува своите навивачи за правилата и Протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките кои се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите присутни на натпреварите.

Го пренесуваме известувањето:

„Почитувана публико,

После година и пол се отвораат вратите за гледачите во Спортската сала Младост во Гостивар. Пред првиот домашен натпревар во сезоната 2021/2022, кој ќе се одигра во сабота (09.10.2021) од 18 часот против екипата на Куманово, должни сме да ве потсетиме на правилата и протоколите одредени од Институтот за јавно здравје според кои се организираат спортските настани во земјава.

– дозволено е присуство на 30% гледачи, од капацитетот на Спортската сала Младост;
– во продажба се пуштени 400 влезници, цената на влезниците е 100 денари;
– Влезниците во претпродажба може да се набават во B&B Tobacco (300 влезници) и на благајна пред почетокот на натпреварот (100 влезници);
– На самиот влез покрај влезница ќе мора да се покаже и:
* Сертификат/Потврда за извршена имунизација (вакцина) од вирусот SARS-CoV-2 односно примена најмалку прва доза вакцина против COVID-19 (за лица над 18-годишна возраст) или
* Сертификат/Потврда за прележан COVID-19 во последни 45 дена, сметајќи од денот на оздравување (за лица над 18-годишна возраст)
** Без соодветен Сертификат/Потврда нема да може да влезете во салата дури и ако имате билет.

Се работи за здравјето на сите нас, со тоа ве замолуваме за разбирање и почитување на наведените протоколи“, се вели во известувањето на КК Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена