Спорт
КК Гостивар денеска ја пречекува екипата на Куманово (18 часот)

Кошаркарите на КК Гостивар денеска во рамки на 2.коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе је пречекаат екипата на Куманово.
Кумановци важат за традиционално незгоден противник на гостиварци, ја започнаа домашната сезоната со победа против Ангели во првото коло, додека во квалификациите за Евро-купот загубија со повеќе од 20 поени разлика од австрискиот Сванс Гмунден. Холмс и Јосеф се играчите кои во овие натпревари се издвоија како најопасни во екипата на Куманово.
КК Гостивар го загуби премиерниот меч од Еуроникел, иако прикажа добра игра потклекна во последните минути. Избраниците на Александар Јончевски свесни се за пропуштената шанса и грешките од Кавадарци, што е најава за силен атак на победа во денешниот натпревар. И статистиката е на страна на домашната екипа од последните 13 натпревари одиграни помеѓу овие две екипи КК Гостивар има 7 победи, наспроти 6 на КК Куманово.
На радост на гостиварската публка, после скоро две години со овој натпревар се враќаат гледачите во Младост. Но, под посебни услови. Дозволено е присуство на 30% публика, за влез покрај билет задолжително е и сертификат за вакцинација.
Влезниците (400) се пуштени во претпродажба во B&B Tobacco во центарот на градот, мал дел ќе се продаваат и на благајна пред натпреварот.
Натпреварот се игра од 18 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава