Гостивар
Контроли низ Гостивар – демне опасност од петарди, казните одат до 500 евра
Гостиварската полиција месецов ги засили контролните активности поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.
„На трговците, родителите и учениците им се укажува дека продавањето, купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир предвидена е парична глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини,пак, спротивно е на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години.“, велат од полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, подалеку од ваквите опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и слично. Во насока на превенција СВР одржува состаноци на граѓанските советодавни групи на кои, меѓу другото, се зборува за набавката, продажбата и се друго поврзано со пиротехничките средства. Покрај ова, вакви состаноци се организираaт и во основните и средните училишта на тетовско-гостиварското подрачје. Иницијатор и носител на овие и другите активности е Отсекот за превенција.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар