Спорт
Кошаркар од развојната лига победи на НБА ол-стар-натпреварот во забивање

Победник на натпреварот во забивање, најатрактивниот дел од НБА ол-стар викендот, е Мек Мекланг, кошаркар кој не игра ниту во НБА.
Ако до сега не сте слушнале за Мекланг, сега е време да погледнете неколку клипови. Мекланг, кој има 24 години, во кариерата има одиграно само два НБА натпревари, а остатокот од професионалната кариера го помина во развојната Г-лига.
Во борбата за титулата најдобар забивач беа Кенион Мартин Јуниор, Треј Марфи и Џерико Симс. Убедлива беше победата на 188 сантиметри високиот Меккланг, за три од четирите нереални забивања доби максимални 50 поени од судиите. Мекланг прескокна еден, потоа двајца мажи, потоа заби одзади со две раце, заби со задржување и правеше пируети во воздух.
Доминик Вилкинс и Карл Мелоун, двете НБА легенди останаа запрепастени, Џанис Антетокунмпо гледаше со отворена уста, а Двејн Вејд повторуваше „ох, боже“..
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава