Точно после 5 месеци и 5 дена, тропна топка во спортската сала Младост во Гостивар. Кошаркарскиот клуб Гостивар, официјално започнаа со подготовките за претстојната кошаркарска сезона 2020/2021.
Под посебни протоколи поради ковид-19 пандемијата, тренерот Србиноски ја изврши првата прозивка на играчите кои ќе ги бранат боите на прволигашот од Гостивар во сезоната што претсоти:
Ренато Димитриевски, Ивица Димчевски, Диме Тасовски, Александар Костоски, Александар Штерјов, Марко Пецаноски, Тома Стојаноски, Михајо Смилески, Александар Ристоски, Златко Јовицоски, Лејсон Зеќири и старо-новите Малком Армстед и Марјан Јанески кој после 12 години се враќа во родниот град, се кошаркарите на кои смета стручниот штаб. На клупата како и минатата сезона ќе му асистираат Душко Јаковчески и Никола Димитриески како и новиот член на стручниот штаб Горан Веселиновски.
– Првата недела од подготовките ќе ги одработиме во Гостивар, може да се преселиме и во Маврово, во потрага сме по уште едно или две појачувања со кои би го комплетирале ростерот. Веќе имаме закажано и неколку пријателски натпревари кои ќе ги одиграме во вториот дел од подготовките. Се надеваме ќе продолжиме онаму кај што застанавме минатата сезона, рече Србиноски.
Почетокот на кошаркарското првенството сеуште не е дефинириано, според информациите на КФСМ, 26 септември или 3 октомври се датумите кога треба да започнат дуелите од Првата лига.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK