Гостиарски
Креативност, страст и ентузијазам – Гостиварецот Михаел дизајнира „ѕверки“ на 4 тркала
„Ако човек ја работи својата работа со љубов и посветеност, тогаш несомнено е дека ќе успее во целта. Автомобилите ми беа страст уште од детството, а дизајнирањето на автомобили е нешто во кое целосно се пронаоѓам и преку кое најискрено ги преточувам своите чувства.“, вака гостиварецот Михаел Мерклер започна да ја раскажува својата приказна за 3Д дизајнот на автомобили и подотворање на вратата од светот на автомобилската индустрија.
Наредната 2020-та, дефинитивно ќе биде негова година. Канадската компанија Електра, следното лето треба да започне со производство на суперавтомобил на електричен погон, со дизајнерски потпис на младиот гостиварец. Конечниот дизајн е одобрен, а автомобилот ќе се вика „Quds“ . Ќе биде најефтиниот и најиздржлив електричен спортски автомобил.
„Ние сфативме дека првото нешто што ги привлекува луѓето е самиот дизајн, затоа сакавме да направиме возило кое ќе изгледа како да е од милион долари, но да биде многу поефтино и да биде достапно и за луѓето од средна класа. Кога прв пат ќе го погледнете, се добива впечаток дека станува збор за возило кое чини милион долари, а всушност цената ќе биде околу 70 000 долари. Автомобилот ќе има погон на сите четири тркала, се планира да го покренуваат два електрични мотори со моќ од вкупно 500 коњски сили, и работиме на тоа да направиме возилот со едно полнење да може да помине до 800 километри пат.“, објаснува Михаел.
Триесетгодишниот гостиварец прв пат вниманието на пошироката јавност го привлече со својата визија за легендарното возило од бившите ју-простори, Yugo, создавајќи дизајн на модерен спортски „стоеден“.
„Тоа ми беше еден вид предизвик, сакав да направам нешто со кое ќе покажам дека и југото, кога би му се дало шанса може да излезе како добро модерно возило“, вели дизајнерот.
За автомобилите, креирањето на дизајните, часовите поминати покрај компјутерот, потрагата по инспирација, Михаел зборува со голема страст и возбуда. Тој потенцира дека никој почеток не е лесен, но со задоволство внесува максимален труд, време и љубов во автомобилското дизајнирање, за кое верува дека е „работа од соништата“.
Како што ни откри, следен проект на кој работи е спортски автомобил, каде акцент става на специфично отворање на вратите, концепт на лизгање при што заедно со вратите би се кревал и кровот на возилото.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија