Гостивар
Кризниот штаб Гостивар предлага отворање на кафулињата за „take and go“ и скратување на полицискиот час

Меѓуопштинскиот штаб на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше ќе достави предлози до Централниот штаб за олабавување на дел од мерките за заштита од ширење на Ковид 19.
„Ситуацијата на подрачјето е релативно стабилна, но претпазливоста на граѓаните и почитувањето на препораките од Владата треба уште повеќе да се зголемат, особено по олеснувањето околу забраната за движење. Како Меѓуопштински штаб ние ќе предложиме полицискиот час во работни денови да започнува во 21 часот, а во викенди и државни празници од 15 часот. Исто така, ќе предложиме да се дозволи кафулињата да се отворат и да работат според моделот „Земи и оди“, исто како локалите кои продаваат храна. Значи, да нема собирање и служење на гости, туку само во шалтерска форма да може да се земе кафето. Сметаме дека на тој начин ќе ги помогнеме и малите бизниси, има луѓе кои од таа работа го хранат семејството“, изјави градоначалникот Арбен Таравари, во својство на претседател на штабот.
Во Гостивар како што веќе објавивме регистрирани се 3 нови случаи во последните два дена. Вкупниот број заразени во гостиварскиот регион достигна 17.
„За жал, имаме еден починат, тое е лице од село во општина Врапчиште. Излечени се 6 и имаме 10 активни случаи, од кои 6 во општина Гостивар и 4 во општина Врапчиште. Вкупно се тестирани 202 лица“, соопшти Таравари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022