Рецепти
Крцкави мали задоволства – солени стапчиња на брз и лесен начин
Ако сте љубител на грицките, тогаш овие домашни солени стапчиња ќе ви направат големо задоволство. Зошто да не се почестите со нешто вкусно и крцкаво за чија подготовка не треба многу време и труд…
состојки:
1 маргарин
1/5 кг интегрално брашно
1 прашок за пециво
1 јајце
300 гр. сирење
за премачкување:
жолчка, сусам, сол
подготовка: Во сад измешајте ги брашното, јајцето, сирењето и маргаринот кој претходно добро ќе го иситните. Од состојките замесете меко тесто и оставете го половина час во фрижидер. Откако ќе го извадете, расукајте кора со дебелина од 1 см, премачкајте ја со жолчка, сусам и сол, исечете на ленти и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Солените стапчиња треба да се печат околу 15 минути, односно додека не заруменат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар