Поврзи се со нас

Вести

КСС: Сиромашниот работник за ковид тест се препраќа од Скопје во Тетово, од таму во Гостивар…

Објавено

на

Конфедерацијата на слободни сикдитаки реагира на заклучокот на Владата во кој сите отсуства од работа поради заболување од Ковид-19 и на вработени лица кои се во изолација, односно немаат  знаци на болест, а биле во контакт со заболен да се исплаќа надомест на плата согласно Закон и колективен договор.

Уште од почетокот на пандемијата КСС бара од Владата Ковид-19 да се воведе како професионално заболување за сите вработени и да се исплаќа 100% плата на тие што отсуствуваат поради болеста и оние кои што се во изолација.

„Вицепремиерот Бетиќи пред две недели даде јавно изјава, која што ја пренесоа сите медиуми, дека Владата донела заклучок отсуството од работа поради болест од Ковид-19 или за оние кои се во изолација поради контакт со заразени да им се исплаќа 100% плата на НА СИТЕ РАБОТНИЦИ И ОД ЈАВНИОТ И ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР која што ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување. Но, очигледно пресметките согласно вртоглавиот број на новозаразени во последниве две недели ја премислија Владата, па сега ретерира. Работниците не се виновни за ваквата состојба и сега е моментот да се помомогне, а Владата наместо да се фали со економски пакети да им го исплаќа тоа што им следува, а тоа е правото на цела плата и да покаже солидарност доколку во себе го носат идеалот на социјал демократи. Недозволиво е Министерката за труд и социјална политика да се повика на сидикатите и невладините организации за да го оправда овој крајно срамен потег, со кој едно од основните права на работниците се кратат само со заклучок на Влада. Уште потрагично е да не се консултираат социјалните партнери за ваква круцијална одлука  за која што одговорно тврдиме дека никој не не консултирал или пак прашал.“, наведува КСС.

Од таму нагласуваат дека неколку пати барале да се направи ажурирана проценка  на ризик на работните места согласно новата биолошка штетност како што повикува и Законот за безбедност и здравје при работа и правилникот за биолошки штетности. „Очигледно не само што се игнорираат нашите барања и нашите пријави кон инспекторатите за извршување на надзор поради животозагрозувачка состојба на работниците, каде што има катастрофални последици, а работодавачите се предупредени, а се се завршува со политички притисок од Власта и политички записници каде што срамно се крие вистинската фактичка состојба на терен, како што е во  Агенцијата за катастар на недвижности каде што имаше и смртен случај, Министерството за внатрешни работи, комбинатот за производство на електрична енергија РЕК Битола итн. Од сето ова произлегува едно суштинско прашање: ,,Дали некој ќе сноси одговорност за непочитување на Законите и загрозување на животот и здравјето на работниците?’’.

КСС во реакцијата вели: „Недозволиво е кога сиромашниот македонски работник ниту крив ниту повикан се заболел на работното место, а неможе да се тестира во  разумен рок  преку матичен лекар со легитимен упат (всушсност за тоа плаќаме здравствено осигурување секој месец) и се препраќаат од Скопје во Тетово, од Тетово во Гостивар  итн, а од друга страна може да се тестира во ИНСТУТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ  за сума од 1850 денари да може да се тестира истиот ден. Сега каде и си го плаќа своето лечење од Ковид-19 приватно уште треба и да му кратиме на плата, па запрашајте се господа како може тој работник и неговото семејство да добијат пристојна здравствена заштита и да го преживеат месецот и тој што следи после него.“

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена