Поврзи се со нас

Македонија

Лавров: Има впечатлива разлика меѓу тоа што Македонците го чувствуваат за Русија и она што го прават нивните политичари

Објавено

на

ЕУ и НАТО се обидуваат да ги претворат Северна Македонија и Црна Гора во „инструменти“ на антируската игра, исто како што се обидоа тоа да го сторат со Украина и со голем број други источноевропски земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската онлајн телевизија „Наше Кино“.

– Има впечатлива разлика меѓу тоа што Црногорците и Македонците го чувствуваат за Русија и она што го прават нивните политичари под принуда од Брисел, ЕУ, НАТО, оценува Лавров, додавајќи дека бил во Скопје и Охрид видел како „луѓето во Македонија се однесуваат кон нашата заедничка историја и религија“.

Тој нагласува дека земјава го промени името во Северна Македонија за да влезе во ЕУ, но „не беше примена и нема да биде примена во скоро време“.

– Наместо тоа, ги вовлекоа во НАТО и почнаа да ги подгреваат русофобични чувства и агресивната политика кон Руската Федерација. Истото го направија и со Црна Гора: им ветија дека ќе влезат во ЕУ, но им рекоа дека треба да влезат во НАТО, да се приклучат кон санкциите и да заземат став кој е отворено антируски. Тоа е тажно, додава Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто се осврнува и на одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, оценувајќи ја како позитивна.

– Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј, изјави Лавров, оценувајќи дека тоа е „достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“, кој според него, се обидел „засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската“.

Лавров нагласува дека обновувањето на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква е мудра одлука.

– Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство и со Руската православна црква, за што сме ние заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието, заклучи Лавров.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена