Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Летни закуски што не предизвикуваат дебелеење

Објавено

на

Исхраната е еден од најважните аспекти за одржување добро здравје. А, за оние што внимаваат на „летната линија“, но и за да се избегне дебелеење, стручњаците препорачуваат повеќе намирници во коишто може да се ужива „без никакво каење“, при редовно вежбање.

Лубеницата може да се консумира секогаш и во речииси неограничени количини. Богата е со вода и го помага варењето, како и согорувањето на калориите. Покрај тоа, таа го подобрува и квалитетот на кожата. По правило, се препорачуваат една до две порции овошје дневно. Тоа може да се јаде свежо, но и во облик на „смути“.

Салатите од зеленчук го држат нивото на шеќер во крвта под контрола и ја задржуваат ситоста. Зелката, спанаќот, брокулата и карфиолот се добро познати сојузници против вишокот килограми. Тие се богати со хранливи материи, а се многу здрави.

Семките од тиква и сончоглед се полни со хранливи материи. Може да се јадат со појадокот или вечерата, а се одличен додаток и во разни салати, овес или смути. Тие се нискокалорични и добар извор на здрави масти и микронутриенти, па може да се земаат секој ден. А, и ја задржуваат ситоста, исто така.

Пуканките исто така, не дебелеат, освен ако не се додава премногу путер и многу сол на нив. Немаат многу калории, но имаат висок процент на влакна, го потиснуваат апетитот, па и тие така го зајакнуваат чувството на ситост повеќе од други популарни грицки.

Житарките сите се прилично здрави, но тука би го истакнале амарантот, што е без глутен, нискокалоричен е, одличен извор на железо и калциум и може да се консумира секојдневно.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена