Гостивар
Лето 2020: Гостиварци преокупирани со корона и маски, не мислат на одмор
Состојбата со коронавирусот во голема мера го промени начинот на живот и секојдневието на луѓето. Така летово, наместо со вообичаеното планирање на годишниот одмор, граѓаните се преокупирани со пандемијата. Под жешкото сонце многу малку се зборува за плажа, море, костими за капење, а многу повеќе за заштитни маски, бројка на новозаболени лица и како е по болниците.
Gostivarpress.mk изминатиов период направи анкета на прашањето: Каде ќе одите на одмор летово?
Од 687 граѓани кои одговориле на прашањето, 347, што е 51%, се изјасниле дека нема да одат на одмор никаде. 173 (25%) од читателите ја одбираат Македонија како дестинација за одмор, додека 9% Албанија и 7% Турција. Помал процент се определиле за Грција, Црна Гора, Хрватска и Бугарија.
Факт е дека долгоочекуваниот одмор од 7 или 10 дена, годинава покренува многу дилеми кај луѓето: Каде да летуваат без да се изложат на ризик, ќе може ли да се опуштат доволно да не мислат на вирусот, дали таму кадешто ќе одат ќе се почитуваат заштитните мерки итн. Секако, голем дел од граѓаните кои се финансиски погодени од коронакризата, единствено мислат како до пари за леб и маски, а одморот им е на последно место.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди