Поврзи се со нас

Спорт

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Објавено

на

Леуново денес беше домаќин на првата трка во Македонија на терен со пречки (Obstacle course racing OCR) со пешадиски препреки, скокање преку вертикални ѕидови, качување по јаже, ползење низ кал, носење товар, гаѓање со копје, трчање низ плитки потоци, стрмнини – „Leunovo OCR“.

Тешко е да се опише со што се‘ се соочија натпреварувачите до својот пат до целта, но она што е сигурно е дека трката беше полна со адреналин, возбуда, натпреварувачки дух, забава… Доживувањето секако се множи со 10, ако на тоа се додадат неповолните временски услови при температура од 11 степени, со дожд и ветер, кои сепак не беа причина да запрат игрите и не ги поколебаа учесниците да се предадат на целосно уживање во предизвикот.

„Трката еднаш ја одложивме поради пандемијата, но годинава успеавме за првпат во Македонија да организираме ваква трка со совладување на препреки. Супер задоволни сме како се одвиваше настанот, во тешки временски услови, но со големо задоволство. Им благодариме и честитаме на сите учесници. Оваа трка ќе биде традиционална, така да се гледаме и следна година.“, рекоа организаторите на невообичаениот настан Регруп ДОО, под која е македонскиот спортски бренд Honey Badger.

Трката ја отвори градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, кој на натпреварувачите им посака добредојде, а на организаторите им се заблагодари што за првиот ваков настан во земјава го избрале токму селото Леуново.

„Leunovo OCR“ имаше патека долга од 12 километри, со 20 природни и вештачки препреки. Учество зедоа над 260 натпреварувачи од земјава, поделени во три категории: мажи, жени и екипи.

Во категорија жени: Вера Урдаревска од тимот на „MacedoniaOCR“ помина прва низ целта со време од 1 час, 8 минути и 59 секунди, Вики Ристоска од „Fit Hub“ беше втора, Сања Најдовски од тимот на „TREX“ трета.

Кај мажите: најдобро време имаше Дејан Тодевски, кој ја помина стазата за 55 минути и 37 секунди, втор беше Димитар Тодоровски и двајцата од тимот на „MacedoniaOCR“, Александар Ѓорѓиевски кој настапуваше за „091RUNCRW“ заврши трет.

Во категоријата екипи: „MacedoniaOCR“ го освоија првото место, „Alebras“ втори, DeltaTeam завршија трети.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена