Поврзи се со нас

Вести

Локални спелеолози ќе се обучуваат за истражување на пештерата во Ѓоновица

Објавено

на

Шест локални спелеолози ќе поминат низ обука за проучување на пештерата Убавица во гостиварска Ѓоновица. Активноста е дел од проектот “Зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на пештерата Убавица“, што го спроведува Спелеолошкиот клуб Кораби, во соработка со општина Гостивар. За таа намена изминатиот период беше објавен оглас за пријавување на заинтересирани, кој завршува денес, 6 август.

„Тематската обука има за цел да ги подобри вештините на локалните спелеолози, а воедно проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на локалното население, локалните институции и здруженија на граѓани за заштита на природното наследство, односно заштита на споменикот на природата – Пештерата Убавица во село Ѓоновица“, наведуваат од локалната самоуправа.

Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел. Локалните спелеолози ќе учат за геологијата на пештерите, природниот тек на подземните води, животот во пештерите, ќе совладуваат спелеолошки истражувачки техники како и прва помош и спасување во пештери.

Оние кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат меѓународен Сертификат за завршена обука по спелеологија.

Проектот е дел од поголема програма за „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 12 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 14 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 14 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена