Македонија
Ловечката федерација бара усогласување на Законот за огнено оружје со Европската директива

Ловечката федерација на Македонија бара усогласување на Законот за оружје со Европската директива за огнено оружје.
Како што наведуваат оттаму по однос на најавените измени и дополнувања на законот било испратено и официјално писмо од страна на Торбјорн Ларсон претседател Европската ловечка федерација за лов и конзервација (FACE) со седиште во Брисел која претставува 7 милиони ловци во Европа, до претседaтелот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Во писмото, Европската ловечка федерација за лов и конзервација(FACE), ја изрази својата целосна поддршка за ставот што го зазеде нејзината членка, Ловечката федерација на Македонија, за измените на Законот за оружје, со цел да се осигура дека овој закон во оваа област е целосно усогласен со Регулативата на ЕУ бр. 2021/555, таканаречената Европска директива за огнено оружје и нагласи дека со ова ќе им се овозможи на македонските ловци да набавуваат и поседуваат огнено оружје во согласност со релевантното европско законодавство, што е од огромно значење во поглед на пристапните преговори меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, е наведено во соопштението од Федерацијата.
Алармираат дека доколку не биде усогласено домашното со законодавството на ЕУ во оваа област, државава би се позиционирала на проблематично место за кандидатура за ЕУ, бидејќи ќе биде неусогласена со другите земји-членки на ЕУ и внатрешниот пазар.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение