Вести
МААЕ без многу детали од посетата на нуклеарната централа Запорожје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој вчера ја посети нуклеарната централа Запорожје, по враќањето на територијата под контрола на украинските сили заедно со дел од тимот изјави дека успеале да погледат се што е потребно во нуклеарната централа и дека експертите на МААЕ ќе останат во тој објект и дека нивното постојано присуство ќе биде организирано.
„Ги видов главните работи што требаше да ги видам, очигледно е дека централата и физичкиот интегритет на централата се нарушени неколку пати“, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси.
Гроси рече дека за време на неколкучасовниот престој успеал да ја посети целата локација, реакторите, контролните соби, системите за итна интервенција и други простории. Шефот на МААЕ го пофали украинскиот персонал кој продолжи да работи по доаѓањето на руските сили и додаде дека персоналот работи во тешка ситуација, но исклучително професионално.
Околу нуклеарната централа Запорожје, минатите недели имаше гранатирање, при што двете страни меѓусебно си ја префрлаа одговорноста. Русија тврди дека Украинците се тие кои го напаѓаат комплексот, прашувајќи зошто тие би ја напаѓале централата која и онака е под нивна контрола, додека Украинците тврдат дека руските окупатори го спроведуваат гранатирањето.
Најголемата нуклеарна централа во Европа, која што се наоѓа во Украина, од февруари е под контрола на руските сили и во повеќе наврати е гранатирана. Тоа предизвика загриженост за можна нуклеарна катастрофа која би имала последици во цела Европа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава