Македонија
Македонија го празнува Илинден, празник темел на државноста

На денешен ден се одбележуваат два важи датуми во македонската историја. Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.
Во 1903 година, на полноќ спроти Илинден, камбаните во Крушево го објавиле почетокот на Илинденското востание, за време на кое околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.
Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, 115 делегати го одржале Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на Демократска Федеративна Југославија. Заседанието го отворил најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, Панко Брашнаров. На заседанието бил избран Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто, а биле усвоени и неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на Демократска Македонија.
Годинава, 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.
На 2 август 2021 година, започна со работа онлајн радиото на Gostivarpress.mk кое емитува 24 часа македонска народна музика.
Честит Илинден!
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж