Вести
Македонија ќе биде домаќин на Светско фудбалско првенство на непризнаени држави
Како нашата земја се најде во ова друштво ќе остане енигма. Но, Конфедерацијата на независните фудбалски асоциации (КОНИФА) вчера потврди дека Светското фудбалско првенство на непризнаени земји ќе се игра во Скопје, од 30 мај до 7 јуни 2020 година.
Членки на КОНИФА се тимови кои претставуваат земји и региони кои не се признати од Обединети нации, ФИФА и УЕФА.
Непризнати земји и региони кои учествуваат на овие првенства се Карпатија, Северен Кипар, Крим, Абхазија, Јужна Осетија, селекцијата на Ромите, Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар, Џерси, Доњецк, Луганск, Гренланд, Сардинија, Јоркшир, Западна Ерменија, Чемерија, Обединети Корејци во Јапонија, Источен Туркистан, Западна Папуа, Хаваи, Кирибати, Тувалу, Западна Сахара, Сомалиланд, Дарфур, Кабилиа, Барава, Каскадија. 16 од овие селекции ќе учестуваат на ова СП 2020. Натпреварите ќе се играат на арената “Тодор Проески“, која, како комерцијален објект, е изнајмена од КОНИФА.
Ваквите Мундијали почнаа да се играат од 2014 година, последното трето СП за непризнаени земји се играло во Барава, во Сомалија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград