Поврзи се со нас

Македонија

Малите фирми недоволно видливи, Комората формира Центар за нивна поддршка

Објавено

на

Малите фирми кои вработуваат скоро 70 отсто од работната сила во земјава се несериозно артикулирани во домашната економија и недоволно гласни. Ако сакаат да станат конкурентни и да играт позначајна улога, мора постојано да се надградуваат, да растат, да го зголемуваат бројот на услугите и да оставруваат поголем профит. Тие се поттикнувачи на воведување иновативни решенија и ги следат новите текови, но слабост им е што сами, индивидуално, не можат да имплементираат големи процеси за кои се потребни соодветни инвестиции, кадар и опрема, а се соочуваат и со недостиг на менаџерски вештини и работна сила.

Ова беше истакнато на денешната промоција на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Стопанската комора, чија цел е обезбедување конкретна поддршка за ММСП.

-Некои микро, мали или средни претпријатија имаат добри резултати, но не се видливи. Ние тука ќе имаме значајна улога. Креирање програми и услуги корисни за ММСП, консултации и стручна помош за обезбедување финансиска поддршка, информации за состојбата на пазарот и прописите, пристап до иновации и фондови, контакт со компании и производители на суровини, вмрежување, регрутирање работна сила, организирање семинари, работилници и други едукативни настани, промоција на услугите, ќе бидат само некои од нашите активности, рече претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова.

Според извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, малите компании се неподготвени и слабо излегуваат на надворешните пазари.

-Тие се главно фоксуирани дома и затоа, иницијативите за регионална присутност во овој сегмент ќе биде многу важна, истакна Пешев.

Комората, додаде Пешев, премногу ги застапуваше интересите на т.н. „големи компании“, оние кои доминираат во македонската економија.

-Бројките навистина говорат во тој правец. И покрај тоа што некои огромни 99,6 отсто од компаниите во Македонија спаѓаат во категоријата мирко, мали и средни претпријатија, оној 0,4 отсто спаѓа во категоријата големи компании и тие генерираат огромни 40 отсто од додадената вредност. Но, низ сите овие години заклучивме дека фокусот само на тој сегмент на економијата не е доволен. Првенствено, зашто една огромна маса компании која вработува 70 отсто од работната сила е несериозно артикулиран, недоволно застапен и нема доволно гласност, потенцира Пешев.

Улогата на микро, малите и средните претпријатија, додаде, е значаен и витален дел на економијата, со доминантно учество од 99,6 осто во вкупниот број активни деловни субјекти во државата.

-Тоа се и најголемите работодавачи, со околу 70 проценти од вкупниот број вработени лица. Од друга страна, учеството на ММСП во додадената вредност е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ова претставува и клучен предизвик како да им се помогне да остварат раст и да придонесуваат во поголема мера кон националната вработеност и да креираат додадена вредност, рече Пешев.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 15 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 17 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 17 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена