Поврзи се со нас

Интервју

Марија од Гостивар успешно по патот на науката, студира во Бристол со целосна стипендија

Деветнаесетгодишната Марија Милошевска од Гостивар, минатата година замина на студии на престижниот Универзит во Бристол, Англија, на отсек физика со научно програмирање за што има добено целосна стипендија. Талентираната Марија, своето школување го започна во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, средно училиште заврши во ПСУ „Јахја Кемал“ (Гостивар, Тетово). Во текот на школувањето има постигнато значајни резултати на натпревари по математика, физика, програмирање, јазици на државно и меѓународно ниво.

Со младата гостиварка поразговаравме за љубовта кон науката, за начинот на живот во Бристол, предизвиците, плановите…

Објавено

на

„Со труд, истрајност, поддршка, а и доволно среќа, се‘ е дофатливо!“

 

Кој беше патот за да стигнеш до стипендија на Универзитетот во Бристол?

Доделена ми е стипендија од нашето Министерство за образование и наука. Меѓу друго, услов е универзитетот да биде еден од најдобрите 100 универзитети според Шангајската ранг листа. Како меѓународен студент, без истата не би можела да си дозволам да сум тука, а за неа помогнаа и бројните академски достигнувања во моите средношколски денови.

Зошто токму физика со научно програмирање, а не некоја друга струка?

Од секогаш сум ја сакала математиката, а физиката ја гледам како објаснување на се‘ што се случува околу нас. Преку искуството во овдешните лаборатории стекнувам вештини за тоа како да анализирам и доаѓам до валидни заклучоци не само на академско поле, туку и во секојдневниот живот. Исто така, интензивните часови по програмирање како дел од наставната програма помагаат да ми се оформат способностите за критичко размислување и различните начини за доаѓање до решенија. Во денешниот свет кој постојано се менува, сметам дека секојдневно надоградувајќи ги своите знаења и способности, со доволно труд и посветеност, можам значајно да придонесам кон нашето општество.

Раскажи ни малку повеќе за студиите и животот во Бристол… Како е организирана наставата, какви се условите на факултетот и во кампусот, со што ти е исполнето секојдневието, што правиш во слободното време?

Предавањата се организирани во циклуси од по два семестри, со испити на крајот од секој. Имаме предавања за секој од трите главни теоретски предмети, а и часови посветени само за решавање задачи за секој од нив. Лабораторијата стои како посебен предмет и на распоред ни е еднаш неделно и трае седум часа. Минатата година секоја лабораторија се состоеше од различен експеримент, а годинава експериментите носат поголеми предизвици и траат по неколку недели. Предметот по Научно програмирање cе состои од давање практични проблеми кои треба да ги решиме, а оценувани сме преку неделни проекти, и два главни проекти на крајот од секој семестар.

Факултетските згради се блиску една до друга, а се‘ е на петнаесетина минути од центарот на градот. Организираноста и опременоста не е споредлива со ништо што го имам видено дома. Понудена е поддршка за студенти за секоја можна потреба. Во прва година обезбедено е универзитетско сместување во домови за сите студенти, но за понатамошните години оставени сме сами на себе. Бристол е доста жив град. Не само за студентски живот, туку е и еден од најголемите културни центри во Обединетото Кралство. Богат е со историски знаменитости и бројните различни култури го прават особено симпатичен.

Кои ти се најголемите предизвици во досегашното школување?

Кога дојдов во Обединетото Кралство за прв пат, бев сосема сама. По 14 часа поминати по авиони, аеродроми, автобуси,  конечно стасав во место кое изгледаше како да постои само на некоја разгледница. Место кое постоеше само на слики и беше само збор се‘ додека не почнав да го нарекувам “дома“. Секаде околу тебе слушаш јазик кој иако го владееш, не е твој и изгледа сосема непознато. Се трудиш да се вклопиш, се‘ е ново и се одвива пребрзо и не си сосема свесен што ти се случува. Се чувствуваш позрело, како да си морал да пораснеш одеднаш. Запознаваш луѓе кои ќе ти станат овдешното семејство, кои по долг ден ме чекаат дома со топол ручек, тука се да ме слушаат, да ме поддржат, да ме искараат и да направат како да се чувствувам како дома.

Неописливо беше чувството кога погледнав кон моите од врвот на скалите на аеродромот, кој од кој порасплакан, a јас збунета се смеам и го вртам грбот. Што е црно-бело, па ова да биде? Иако животот ме доведе тука каде што сум, ме натера да проодам патишта за кои не ни знаев дека постојат. Сепак, со многу труд, истрајност, поддршка, а и доволно среќа, се‘ е дофатливо. И така, по 9 месеци што изгледаат како да се цел живот, ќе се разбудиш и ќе помислиш дека си онаму каде што си сонувал да бидеш на петнаесет години, онаму каде си се трудел да стигнеш од кога знаеш за себе. За таквите мигови сиот труд, сите солзи, сите непрoспиени ноќи, вредат.

Според тебе, кои се недостатоците, а кои позитивните страни во школувањето во странство?

Институциите тука се повеќе опремени, сите се поспремни и поорганизирани. Добиваш знаење од институција која е една од најпрестижните во светот. Вкусуваш живот за кој само си читал по книги. Но сепак, топлината која ја има кај нас не се споредува со ништо што го имам видено тука.  Недостигаат местата каде си израснал, фамилијата, пријателите, храната, песните.

Ти недостига ли Гостивар?

Повеќе од тоа што мислев дека ќе ми недостига. Се разбира, се работи за луѓето, но, и за местото. Ми недостига чувството дека си дома, смирениот начин на живот, темпото, а најмногу кејот и мирисот на липа. Животот продолжува дали си или не си ти тука, но секогаш кога ќе се вратам назад тоа го доживувам на нов начин. Одржувањето пријателства кога си оддалечен на 3 часовен лет и 4 часовно патување со автобус (под идеални услови) не е лесно. Но, и таму имам луѓе кои се грижат и се трудат да ми дадат поддршка и помош без разлика на далечината. Тешки се празниците, тешки се родендените, тешко е кога ќе ти се јават и ќе ти речат „сите сме собрани“, а ти не си таму. На некој начин ова ги прави моментите поминати заедно уште подрагоцени.

Кои се твоите планови за во иднина, каде се гледаш себе си за 10 години?

Најважно во нашиов краткотраен живот е да сме среќни и да го исполнуваме времето со оние кои ги сакаме. Од секогаш сум се гледала како некој кој ќе стигне далеку бидејќи вложувам труд додека не го добијам нештото што го сакам. Сепак, најчесто потребно е да се наредат коцките од било што друго. Каде и да сум за 10 години, се надевам дека ќе бидам со луѓето кои ми значат.

Даница Среткоска

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 37 минути

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 2 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 5 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 6 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 7 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 7 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 19 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 21 час

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 24 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена