Гостивар
Марш на гостиварски борки – Храбри, горди и истрајни во борбата против канцер на дојка

По Кејот на реката Вардар во Гостивар, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ претладневно се одржа настан по повод месецот на борба против рак на дојка, октомври. Под мотото „Гостиварски борки – храбри, горди и истрајни“, жените од Гостивар маршираа по градскииот Кеј, од каде ги испратија своите пораки за повисока свест за редовни превентивни прегледи и поддршка на секоја жена што се соочува со болеста.
„Овој настан што го организира Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ секоја година, е со цел да ја подигнеме свеста кај сите жени во Македонија за борбата против рак на дојка. Односно, да ги поттикене и мотивираме за редовни навремени прегледи и рана дијагноза. Мотото на денешниов настан е посветен на жените од Гостивар. Гостиварски борки – храбри, горди и истрајни во борбата против канцер на дојка, како и бoрба во сите сфери од животот. Во оваа прилика уште еднаш би апелирале и замолиле да се набави мамограф со кој многу полесно ќе може да се дијагностицира ова заболување, мамограф на Гостивар му е повеќе од потребен“, порача Анета Ќироска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар.
Октомври – уште од 1985 година е прогласен месец за свесноста за ракот на дојката и секоја година во овој период од годината се организираат различни кампањи со цел да се дигне свесноста на дамите во врска со овој тип на канцер.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести