Вести
Медведев: Им честитам на „далекувидите“ европски колеги за новата цена на гасот

По постигнувањето рекордни цени на гасот во Европа, рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, рече дека му останува само да им честита на европските претставници за нивната „далекувидна“ одлука да го прекинат пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2.
„Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои сигурно се заштитија од подмолните Руси и од проектот „Северен тек 2““, рече Дмитриј Медведев.
Според лондонската берза ICE, цените на фјучерсите на гасот во Европа продолжија да го обновуваат историскиот максимум на тргувањето во понеделникот. Како што се наведува, цените растат за повеќе од 60 отсто и за прв пат во историјата надминале 3.500 долари за 1.000 кубни метри, во еден момент цената на гасот утрово го достигна нивото од 4.000, но се задржа на 3.500 долари.
Цената на гасот на европскиот пазар, минатата пролет изнесуваше 300 долари за 1.000 кубни метри.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер