Поврзи се со нас

Македонија

Мехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за евентуална појава на мајмунски сипаници во земјава

Објавено

на

Комисијата за зарани болести е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со КОВИД-19, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата се разговарало за дефинирање клинички патеки за следење, скрининг и дијагностика на пациентите кои евентуално ќе бидат заболени од мајмунски сипаници со цел здравствениот систем да биде подготвен и, како што рече, колку што е можно подобро да одговори на евентуална епидемија и во нашата земја.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе контактирал со Светската здравствена организација да се набави посебна опрема за дијагностицирање на овој вирус, а со СЗО се разговара и за набавка на потребната терапија.

-На состанокот договоривме внимателно да ја следиме ситуацијата и да обезбедиме сѐ што е потребно за навремена дијагностика и третман на евентуални пациенти коишто би биле во нашата држава.  Вирусот на мајмунски сипаници иако во светот постои речиси половина век, многу ретко се наоѓаше на овие простори и, практично, дијагностичките и терапевтските процедури коишто се достапни се некако оскудни во овој дел од Европа. Така што сите земји во моментот имаат проблеми за да обезбедат квалитетна дијагностика и третман на своите пациенти. Меѓутоа,  Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со Светската здравствена организација за да се обезбедат посебни дијагностички китови за ПЦР-тестирање за мајмунските сипаници, рече Мехмедовиќ на прес-конференција.

На веб-страницата на ИЈЗ е објавена информација за симптомите на вирусот на мајмунски сипаници (monkeypox), за начинот на кој се пренесува, а за хоспитализирање дополнително ќе биде соопштено откако ќе бидат дефинирани клиничките патеки за кои се разговарало на денешниот состанок на КЗБ.

Карактеристичен симптом е промена на кожата во форма на егзем и појава на мали испакнатани и меурчиња, придружено со висока температура од над 38 степени, болки во мускулите, грбот и премаленост. Симптомите не се разликуваат од останатите инфекции поврзани со сипаници и вирусот се потврдува со посебни ПЦР-тестови и опрема што се очекуваат во земјава, а наскоро, рече Мехмедовиќ, ќе биде целосно функционален и системот за справување со евентуална епидемија.

-Не би сакале да креваме паника. Загрижени сме, но редовно ја следиме состојбата и доколку има какви било промени навремено ќе интервенираме, додаде портпаролот на Комисијата за заразни болести. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

(Фото) Еве што најде полицијата во ординацијата на надрилекарот во Врапчиште

Македонијапред 5 часа

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Спортпред 6 часа

Алкараз физички не издржа, Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос

Гостиварпред 7 часа

Си товареле инвентар од обложувалница без да знае бизнис партнерот, приведени пет лица во Гостивар и еден во Тетово

Гостиварпред 8 часа

Од утре онлајн аплицирање за упис во средно

Гостиварпред 9 часа

Малолетник фатен со марихуана ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Гостиварпред 11 часа

Уапсен надрилекар во Врапчиште – Најдени апчиња, пари, медицински белешки во неговата лажна ординација

Гостиварпред 12 часа

Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена