Поврзи се со нас

Македонија

Министерство за здравство: Плус 5% повисоки плати за здравствените соработници

Објавено

на

Министерството за здравство најави дополнително зголемување на платите од 5% за соработниците во секторот на јавното здравство, коешто ќе започне од јуни 2020 година.
„Јавното здравство во текот на 2019 и со тоа што ќе следи во тековната година добива рекордно зголемување на платите во сите сектори. Здравствените кадри за првпат во постоењето на државата добиваат толку покачувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус. Вложувањето во здравствените кадри е со цел да се мотивираат и јавното здравство на Македонија да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство.“, соопшти Министерството.
Од таму нагласуваат дека со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност се прави значително зголемување на коефициентот на сложеност и на додатокот на плата за дежурства.
Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година. За 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, педијатрија, гинекологија и стоматологија, а на терциерно ниво се одобрија повеќе од 1000 специјализации и супспецијализации.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена