Поврзи се со нас

Гостивар

„Мир е кога има ученичко учество“ – во гимназијата во Гостивар се одбележа Светскиот ден на мирот

Со настан посветен на неопходноста од активирање на учениците во процесите на донесување на одлуки, во гостиварската гимназија денес беше одбележан Светскиот ден на мирот, 21-ви септември.

Средношколците на ѕиден весник ги пренесоа следните пораки: Пасивноста на учениците е плодно тло за автократија! Пасивни ученици, пасивни граѓани! Младите се пасивни бидејќи не веруваат, сакаме можности и поддршка да учествуваме во донесување одлуки! и други.

Во дебатата, на која учествуваа и професори и школската управа, учениците споделија дел од своите искуства и проблеми со кои се соочува младината, како што се подвоеност, дискриминација, социјална неправда, немање емпатија и слично.

„Една стара африканска поговорка вели “Оној што ги носи чевлите знае точно каде го набиваат” Честопати ние учениците знаеме да се пожалиме дека не сме сослушани и не учествуваме во донесувањето на одлуки кои се важни за нас, а може да трпат промени. Има многу начини преку кои може да делуваме, како: Училишна заедница, Совет на класни заедници, ученички совет, меѓуврснички peer-to-peer мрежи, интернет форуми за дискусии, потпишување петиции и други.“, беше речено на дебатата.

Дел од настанот беше и кратката драматизација за ученичко учество преку која се покажа разликата помеѓу автократскиот и демократскиот начин на менаџирање на училиште и придобивките од ученичкото учество во донесување одлуки и подобрување на состојбата во училишниот живот за прашања што се важни за учениците.

Активноста се организираше како дел од програмата Мировно образование поддржана од детската Амбасада Меѓаши, а го подготвија професорките Валентина Штерјовска, Билјана Штерјовска и педагогот Мирела Ибраими.

Одбележувањето се спроведе под мотото „Мир е кога има ученичко учество“

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно