Локални избори 2017
Митинг на Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар: Презентирани проектите и визијата во Програмата
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ одржа централен митинг на градскиот плоштад во Гостивар на кој беа претставени кандидатот за градоначалник Дафина Стојаноска и кандидатите од советничката листа.
„Главна цел во мојата програма ќе биде зголемување на економскиот раст и вработеноста, пораст на животниот стандард на сите гостиварчани и поквалитетен живот за младите, децата, возрасните и пензионерите. За децата е испланирано отворање на уште една градинка, реконструкција на покривот во ОУ „Гоце Делчев“ како и промена на оградата. За младите гостиварци ќе има покриен базен, враќање на старото, познато гостиварско корзо, реконструкција на спортски сали, поддршка на талентирани ученици и студенти, нова велосипедска патека и игралишта. За возрасните изградба на катни гаражи, изградба на индустриска зона, изградба на Центар за рециклирање на отпад, канализациона мрежа, реновирање на фасади, изградба на кружен тек, спортски центар, стационар за кучиња скитници. За пензионерите Дом за стари лица со капацитет од 100 луѓе“, истакна Стојаноска пред гостиварци.
Носителот на листата за советници, Лоран Страшевски во својот говор рече: „Мултиетничноста е богатство, а не хендикеп. Во Гостивар од памтивек сме живееле заедно:Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Македонски муслимани. Така било и ние ќе се бориме да остане така“.
На митингот се обрати и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски: „ На Македонија четири месеци и се случува помрачување што го донесе новата Влада. Но ние не оставивме тие четири месеци да поминат така во тагување, жалење. Ние гледајќи дека со сила донесената власт нема долго да опстане, затоа што таа не е народна власт, народот не ја донесе и не ја поддржува, веднаш почнавме да работиме за новата ера која доаѓа по заминувањето на оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата работат за отворање нови работни места, јакнење на здравството и образованието, зацврстување на државата. Се осврнуваме на работи кои најмногу ги засегаат сите македонски граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци“.
На митингот во Гостивар зборуваа и Шабан Салиу, претседател на Демократски сили на Ромите и Амди Бајрам, претседател на Сојуз на Ромите, кои се коалициони партнери на ДМПНЕ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија