Гостивар
Младите гостиварци во акција – чистеа, бојадисуваа клупи, обележаа велосипедска патека
Околу 200 средношколци и основци од гостиварски училишта, денес се вклучија во волонтерска акција за уредување на кејот на Вардар и градскиот парк во Гостивар.
Активноста се спроведе во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието со поддршка на општина Гостивар.
Учениците го чистеа отпадот, ги бојадисуваа клупите, обележаа велосипедска патека и поставија паркинзи за велосипеди.
Во акцијата се приклучи и градоначалникот Арбен Таравари.
„Ова е навистина една многу убава иницијатива и се` она што се прави денес во акцијата е позитивно за сите граѓани, а воедно и се подигнува свеста за чување на животната средина“, рече градоначалникот, кој воедно на граѓаните им го честиташе Денот на Европа, 9-ти Мај.
Денешната акција е резултат на повеќе средби и активности на кои ученици од различни етнички заедници дискутираа за проблемите со кои тие се соочуваат во својот град и даваа предлози за нивно решавање.
Проектот го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар