Поврзи се со нас

Вести

Молебен на гробот на Свети Кирил во Рим

Објавено

на

Во базиликата „Сан Клементе” во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Свети Кирил со кој чиноначалствуваше митрополитот европски господин Пимен во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски, господин Јосиф и отец Митко Газинковски од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Денеска, како што рече владиката Пимен, после една година се наоѓаме повторно на местото каде минатата година ја слушнавме радосната вест дека сме примени во соборот на православните цркви, дека се признава нашата афтокефалност.

-Како што нема од Бога избрани три јазици за проповед, така нема ни само неколку народи за елитата на православието да ја чинат, рече г.Пимен и додаде дека светоста на црквата православна ја дополнува обединетоста во различностите и ние Македонците не отстапуваме во борбата нашата Македонската православна црква да има место во единството.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ја предводи државно-црковната делегација по молебенот положи венец на гробот на Св. Кирил. На молебенот, присуствуваа и пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска и  Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јовановска Грујовска и отец Зоран Стојанов од Католичката црква.

Поклонението на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена