Гостивар
Монтенегро маркети со донација за гостиварската болница

Во периодот кога се засилуваат мерките против ширење на коронавирусот, Монтенегро маркети ја покажува својата општествена одговорност и обезбеди донација за општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар. Монтенегро денес за најголемата здравствена установа во гостиварскиот регион донираше големи количини средства за хигиена, заштитни маски, перници, навлаки за кревети, средства за дезинфекција и други материјали, со вкупна вредност од околу 300.000 ден.
Од компанијата известија и дека низ маркетите секојдневно се врши темелна дезинфекција.
„Бидејќи вашето здравје и здравјето на нашите вработени ни е секогаш на прво место, во сите Монтенегро маркети секојдневно вршиме редовна дезинфекција на сите површини кои се во допир со нашите потрошувачи, вклучувајќи ги и количките и корпите за пазарување. Воедно, како дополнителна мерка за зголемување на безбедноста и спречување на ширење на вирусот, поставивме ознаки за одржување на растојание помеѓу потрошувачите во близина на фрижидерите и касите за наплата. Ве замолуваме да ги почитувате предвидените мерки со цел да се заштитите себеси и околината.“, велат од Монтенегро маркети.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година