Гостивар
Морбили се шират меѓу вработените во фабриката Леар

Во фабриката за автомобилски седишта Леар, лоцирана во технолошко-индустриската зона во Тетово има појава на мали сипаници. Фабриката брои околу 1.000 работници главно од Гостивар и Тетово, а според наши информации во изминатите денови дваесетина вработени добиле симптоми на морбили. Во епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје во Гостивар официјално се регистрирани 6 случаи на лица со мали сипаници, вработени во оваа компанија.
„Во периодот од 22 мај до денес 29 мај, евидентирани се шест заболени од морбили, лица од Гостивар и гостиварско, кои се вработени во Леар. “, потврди, прим. д-р. Војислав Огњановски, епидемиолог во епидемиолошкото одделение во Гостивар.
При епидемиолошка појава на заразно заболување во поголем колектив (во случајов морбили), се издаваат препораки за дополнителни превентивни мерки како: проверка на вкацинален статус и вакцинирање на оние кои воопшто не се или се непотполно вакцинирани, дезинфекција на просториите, отстранување на лицата кои имаат симптоми на болеста и друго.
По појавата на мали сипаници во фабриката, бремените жени за да го намалат ризикот од заразување отвораат боледувања или користат одмори, со оглед на фактот дека морбилите може да бидат опасни за трудниците. Неколку вработени за да се заштитат, веќе се јавиле на вонредна вакцинација.
Инаку, вкупниот број на заразени од мали сипаници на гостиварското подрачје е над 60. Службите периодов спроведуваат вакцинација на здравствените работници, за кои вакцинирањето против морбили е задолжително. Останатите граѓаните пак, кои се заинтересирани за вакцинирање, може да се обратат во епидемиолошкото одделение. Вакцината е бесплатна.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите