Поврзи се со нас

Гостивар

Муабетат на телефон додека возат, не ставаат појас… Околу 230 казнети во Гостивар за вакви прекршоци

Објавено

на

Од почетокот на годинава досега, на поширокото гостиварско подрачје биле санкционирани 92 возачи кои ги управувале нивните возила и зборувале на мобилен телефон. На сите кои зборувале на мобилен возејќи, изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со глоба од 40 евра, информира СВР Тетово. На тетовско подрачје, во истиот период за таков прекршок казнети биле 199 возачи.

За разлика од мобилните телефони кои се повеќе и се почесто ги користат возачите, во периодот за кој станува збор возачите не секогаш ги употребувале сигурносните појаси. Во Тетово биле санкционирани 179 вакви прекршоци, а во Гостивар 135. Глобата за некористење појас изнесува 40 евра за возачите и 50 евра за совозачите.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да се воздржат од разговори на мобилен кога се зад волан, пишување пораки и слично и редовно да ги врзуваат сигурносните појаси. Зашто, разговорите на мобилен или пишувањето на пораки во голема мерка  го одвлекуваат нивното внимание и ја доведуваат во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Врзувањето на појасите, пак, најмногу е за лична безбедност на возачите и другите во возилата, без разлика дали се патува на покуси или подолги релации.

Полицијата најавува дека со оглед на тоа што на тетовско-гостиварското подрачје претстои период кој ќе биде исполнет и со далеку поголема сообраќајна фреквенција на патиштата во регионот, овој и наредните летни месеци ќе се реализираат засилени контроли и без исклучоци ќе се санкционираат сите констатирани прекршоци.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена