Култура
Мултиетнички концерт на отворено во Гостивар
Во летниот Амфитеатар, покрај Кејот на Вардар во Гостивар вчеравечер се одржа мултиетнички концерт на кој учествуваа музичари од различни националности. Преку музиката тие испратија порака за негување на мултикултурата и соживотот, особено меѓу младата популација.
„Со вакви настани воспоставуваме взаемна почит, соработка и разбирање меѓу нас. Ги промовираме и афирмираме сопствените култури и градиме доверба“, беше речено на почетокот од концертот.
Настанот се одржа како дел од програмата на „Денови на иселениците“, што ги организира гостиварската локална самоуправа.
„Имаме различни активности, културни, спортски, забавни со кои се трудиме да им го направиме престојот на иселениците во родниот крај што попријатен“, рече Аслиан Снопче, раководител на општинскиот Сектор за образование и култура.
Мултиетничкиот концерт во Летниот Амфитеатар се организираше во соработка со Здружението Дрита АГВ, со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград