Поврзи се со нас

Македонија

Музичарите излегуваат на протест: Да се дозволи музика во живо и во кафулињата

Објавено

на

Револтирани што властите дозволија музика во живо само на свадби, а не и на обични забави и мали настани, музичарите ќе протестираат. Од Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“ најавија дека протестот ќе се одржи во петок во Скопје.

„И покрај сите наши напори, не успеавме да ја рабереме логиката на последната официјална објава по одлуката на владата за олабавување на мерките. Зошто свадбите и музичарите кои настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафулиња, ресторани, ноќни клубови, барови, кафани и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација, бидејќи за тоа се работи, за дискриминација?! Со оваа последна одлука од комисијата за заштита од заразни болести овие половични мерки ќе се создаде хаос во работењето во новото секојдневие и неминовно ќе резултира со секојдневно лажно организирање свадби и прослави во сите угостителски објекти. Затоа овој пат се обраќаме до Владата, која ги изгласа предлог мерките предложени од Комисијата за заразни болести и апелираме и бараме, концизно и јасно да се укине мерката од Службен весник бр.240 од 05.10.2020 – Прилог број 7 и 8 точките број 13 и 15 без дискриминација на било кој сегмент од нашиот колегиум и конечно после 15 месеци да може да отпочнеме со работа сите, ама во буквална смисла на зборот сите музичари. Доколку нашите молби и барања не бидат ислушани, овој петок 04.06.2021 година најавуваме протест“, се вели во соопштението на Здружението.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена