Поврзи се со нас

Македонија

Свадбите без гушкање и ракување, ќе се игра на дистанца, за гостите топломер на влез…

Објавено

на

  • Shqip

Властите дозволија организирање на свадби и други свечености, а веќе е објавен и Протоколот кој го пренесуваме во целост.

  1. Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.
  2. На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
  3. Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
  4. Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.
  5. Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
  6. Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
  7. Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
  8. Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект .
  9. Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице – гостин на прославата.
  10. Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
  11. Организаторот на прославата има за обврска сите гости да ги запознае со препораките, условите и начините под кои се одржува свадбата.
  12. Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата (забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите).
  13. Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.
  14. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите.
  15. Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
  16. Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.
  17. На гостите им е дозволено да влезат во затворениот/внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет.
  18. При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.
  19. Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .
  20. Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
  21. He е дозволено послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
  22. Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
  23. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна .
  24. По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  25. Редовно одржување на хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.

Сподели на:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени работни места во Полог:

Advertisement
Advertisement
Вестипред 8 минути

Пожар во албанското летувалиште Ксамил

Вестипред 1 час

Реакција по средбата Заев, Рама, Вучиќ: „Жените се многу повеќе од слуги на мажите“

Здравје и убавинапред 2 часа

Чајот и маслото од нане нудат повеќе придобивки

Што, како, каде?!пред 3 часа

Монтенегро маркети со нова неделна акција со супер ниски цени

Гостиварпред 5 часа

Одлука за старт на постапка за концесионерство за Аква Парк во Гостивар

Вестипред 5 часа

Српски Телеком основа компанија во земјава

Македонијапред 6 часа

ССМ апелира да се реши статусот на околу 4700 наставници и стручни соработници

Што, како, каде?!пред 6 часа

Неверојатни цени само за вас! – Нов Ултра леток на Ултра маркети

Гостиварпред 6 часа

Бигорски ќе го одбележи Илинден со Света литургија и Молитва за татковината

Што, како, каде?!пред 7 часа

50 % попуст на сите прегледи во Систина Офталмологија Тетово и Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Расте бројот: 74 нови случаи на коронавирус, 7 во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Нападнат фудбалер на улица во Гостивар

Македонијапред 9 часа

МТСП: Стечајните работници кои ги исполнуваат условите за надомест со новиот Закон да се пријават во АВРСМ

Што, како, каде?!пред 1 недела

Нова „неделна акција со супер ниски цени“ во МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ

Што, како, каде?!пред 2 недели

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција со БОНУС поени (16.07.21 – 15.08.21)

Гостиварпред 2 недели

Почна официјалниот дел од Галичка свадба 2021, следете го преносот во живо

Гостиварпред 2 недели

Претреси и апсења на дилери на дрога во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар лишена од слобода девојка кај која е најден кокаин

Македонијапред 2 недели

Отворен привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица

Гостиварпред 2 недели

КОНКУРС за поезија од млади автори

Гостиварпред 1 недела

Mаж физички нападнал вработена во Службата за брза помош во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Приведен 18 годишник од гостиварско, се сомничи за обљуба на малолетна роднина

Гостиварпред 2 недели

Гостиварец ја малтретирал неподвижната сопруга и ја оставал без лекови и храна

Гостиварпред 1 недела

Гостиварската полиција одзеде 5 патнички моторни возила заради бучавост

Еден ден со..пред 6 дена

ЕДЕН ДЕН СО : Трајче Богданоски, професор по физичко и кондиционен тренер

Гостиварпред 4 дена

Предлог на Таравари, угостителските објекти во Гостивар да работат плус два часа

Спортпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ: Македонија тргна за Букурешт на EURO 2020

Гостиварпред 2 месеци

Етно вешта жена во гостиварско Зубовце – старински специјалитети, чист воздух и дружење

Гостиварпред 2 месеци

Повторно протест во Гостивар: Хартиените учебници да останат основно средство за учење!

Гостиварпред 3 месеци

Протест во Гостивар: „Нема да дозволиме експерименти врз нашите деца“

Гостиварпред 3 месеци

Паркот во Гостивар ќе добие нов лик и социјално инклузивен дел (фото)

Гостиварпред 6 месеци

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Гостиварпред 6 месеци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Спортпред 10 месеци

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Спортпред 10 месеци

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

Гостиварпред 10 месеци

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Спортпред 12 месеци

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

Гостиарскипред 1 година

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

ФОТО ВЕСТпред 1 година

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!