Македонија
Музика „во живо“ за сега само на свадби и прослави

Комисијата за заразни болести излегува со предлог до Владата да се дозволи организирање на свадби и други прослави на отворено и со ограничен капацитет. Во вакви прилики ќе биде дозволено да има и музика „во живо“. Сепак, за сега тоа нема да важи и во редовната работа на угостителските објекти.
„Се дозволува организација на прослави и свадби до максимален број од 100 гости на отворено, а капацитетот да не е пополнет повеќе од 50 проценти од вкупниот капацитет на просторот. Бројот на гости по маса во сите угостителски објекти, не само во оние каде што ќе има прослава или свадба, сега е зголемен на 6. Музика со изведувачи во живо може да се организира секогаш кога има прослава, но во регуларно време, сега за сега не.“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека состојбите се следат и зависно тековите ќе има дополнително опуштање на мерките.
„Сакаме да видиме дали се приближуваме кон бројка од 20 заразени на сто илјади жители. Изминатите 14 дена беше околу 35. Потоа може да зборуваме за попуштање на мерките“, рече Филипче.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград