Поврзи се со нас

Вести Гостивар

МВР вработува 600 полицијаци, во СВР Тетово предвидени 10 места

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци. Како што се наведува во огласот предвидени се вработувања во

1. Сектор за внатрешни работи Скопје ——————————– 150 извршители
2. Сектор за внатрешни работи Струмица —————————– 50 извршители
3. Сектор за внатрешни работи Охрид ———————————- 70 извршители
4. Сектор за внатрешни работи Битола ——————————— 10 извршители
5. Сектор за внатрешни работи Тетово ———————————–10 извршители
6. Сектор за внатрешни работи Велес ———————————– 20 извршители
7. Сектор за внатрешни работи Штип ———————————— 10 извршители
8. Сектор за внатрешни работи Куманово —————————— 10 извршители
9. Регионален центар за гранични работи Север ——————- 100 извршители
10. Регионален центар за гранични работи Запад ——————- 100 извршители
11. Регионален центар за гранични работи Југ ————————- 50 извршители
12. Регионален центар за гранични работи Исток ——————— 20 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 175 сантиметри за мажи односно 165 сантиметри за жени и висока лична физичка подготвеност.

Сите детали за условите и пријавувањето може да ги видите на веб страната на МВР кадешто е објавен ОГЛАСОТ.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!