Поврзи се со нас

Вести

На денешен ден

Објавено

на

    26 февруари 1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор Ѓузепе Тартини, кој вовел новини во техниката на свирењето и изработката на виолината. Компонирал мноштво концерти за виолина и сонати, вклучувајќи ја и сонатата „Ѓаволски трилер“. 

     1802.- Во Безансон е роден Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во деветнаесеттиот век. Неговите романи „Биг Жаргал“, „Богородична црква во Париз„, „Клетници“, „Морските работници“, драмите „Кромвел“, „Лукреција Борџија“, поетските дела „Оди и балади“, „Ориентални песни“ и многу други претставуваат ремек-дела на светската литература. Како политичар бил голем борец против деспотизмот и тиранијата. Умрел во Париз, на 22 мај 1885 година. 

    1808.- Роден е Оноре Домие, француски сликар, графичар и вајар. Во своите дела, особено во графиките, бил силен сатиричар на своето време и аналитичар на негативните општествени и морални појави. Умрел на 11 февруари 1879 година. 

     1834.- Умрел германскиот издавач и печатар Алојз Јохан Непомук Франц Зенефелдер, пронаоѓач на системот на литографското печатење. Го напишал „Учебникот за литографија“. 

     1901.- По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекле главите. 

     1926.- Во селото Врбени, Леринско, е родена Тимка Димкова, една меѓу храбрите жени-борци на народноослободителното движење на македонскиот народ во Егејска Македонија. Загинала во борба против грчката владина војска на височината Вулгара, Котелско, на 5 април 1949 година. 

     1932.- Во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“, доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појавил во Штип, на 1 мај 1966 година. Умрел во Скопје, на 7 март 1990 година. 

    1935.- Шкотскиот физичар Роберт Вотсон првпат јавно го демонстрирал уредот наречен радар (откривање и одредување на положба со помош на радио бранови). 

     1936.- Адолф Хитлер во Саксонија ја отворил првата фабрика за производство на возилото „Фолксваген“ („народно возило“). 

     1952.- Премиерот Винстон Черчил соопштил дека Велика Британија произвела атомска бомба и дека ќе ја испроба во Австралија. 

     1990.- Под водство на Виолета Бариос де Чаморо, здружената листа од 14 опозициски партии во Никарагва ги добила изборите над сандинистите на претседателот Даниел Ортега. 

    1992.- Република Босна и Херцеговина ја признала Република Македонија. 

    1995.- По загубата на околу милијарда долари која на берзата ја предизвикал дилерот Ник Лисон од Сингапур, банкротирала лондонската банка „Берингс“, една од најстарите и најугледните британски банки. 

    1997.- Швајцарската влада одобрила основање на меморијален фонд за жртвите на холокаустот во Втората светска војна, настојувајќи да ги намали размерите на скандалот по откривањето дека трезорите во банките во Швајцарија биле полни со имот на жртвите од германскиот нацизам. 

    2001.- Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата одлучил добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2001 година да биде Шејмас Хини, ирски писател. 

     2004.- Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинале при урнување на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар.  Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи. Повеќепати бил на студиски престој во САД. До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија. На 15 декември 1999 година бил инаугуриран за претседател на Република Македонија. Роден бил на 25 јуни 1956 година во Струмица. 

    2016.- На 81-годишна возраст починал Нико Нестор, првиот Македонец што ги препливал Охридското Езеро и каналот Ла Манш. На републичките првенства имал освоено 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св. Наум до неговата родна Струга. Една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направи и историскиот подвиг – стана првиот Македонец и првиот пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Нестор бил роден на 19 јуни 1934 година во Струга. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Спортпред 11 часа

    Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026

    Здравје и убавинапред 12 часа

    Колку заби има човекот? – Развој, варијации и грижа за оралното здравје

    Писмапред 17 часа

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 19 часа

    Гостивар: 9 годишно дете плачело заклучено во стан, интервенирале пожарникари и Итна помош

    Рецептипред 21 час

    Десерт кој се подготвува за 30 минути – колач со моркови, цимет и чоколадо

    Гостиварпред 1 ден

    Оддавање почит на хероите Горан Илијевски Мече и Ненад Серафимовски

    Занимливостипред 2 дена

    НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    Гостиварпред 2 дена

    Две лица лишени од слобода во Гостивар, полицијата им нашла кокаин и пари

    Гостиварпред 2 дена

    Повреден гостиварец, со мотор излетал на „Беличица“

    Македонијапред 3 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 4 недели

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 3 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена